Онко-хипертермија

Онко-хипертермија е терапевтска метода во борбата против ракот. Најчесто се применува во комбинација со хемо-терапија, радио-терапија и други третмани, како што се имуно-терапија, терапија со дендритични клетки итн.

Независно од другите методи на лекување, онко-хипертермијата може да биде многу полезна како метода на стимулирање на имуниот систем, со што многу се придонесува во борбата против малигните болести. Онко-хипертермијата е усвоен медицински третман во сите земји на ЕУ, САД и сите медицински развиени земји.

Јонизирачкоото зрачење не постои во третманите на онко-хипертермијата, што овој третман го чини безбеден за пациентите, медицинскиот и помошниот персонал, како и за животната средина.

Во Европа, третманите со онко-хипертермија се научно прифатени и одобрени од страна на Европското зружение за хипертермиска онкологија (ESHO).

 https://www.youtube.com/watch?time_continue=14&v=Es0FS_sXfRw

mk_MKМакедонски јазик
sr_RSСрпски језик en_USEnglish mk_MKМакедонски јазик
Share This