(+389) 70357571 ; (+381) 641268715 ; (+381) 649820501 info@biomed.mk

Циркулирачки

Туморски

клетки

CTC (Циркулирачки туморски клетки) се клетки на карциномот који се одвоиле од него и влегле во крвотокот во кој циркулират и имаат потенцијал за развој на метастатски депозити.

Овие клетки можат да се изолираат и идентификуваат, па заради тоа сѐ повеќе расте интересот за нивно откривање заради:

- Рано откривање и поставување на дијагноза на нови карциноми

- Следење на текот на болеста на постојниот карцином

- Прогноза - давање на информација за ризикот од повторно појавување на моментно постојниот „стар“ тип на карцином.

Биомед Аид во соработка со R.G.C.C. групата нуди општи тестови за откривање на CTCs клетки како и тестови кај определени видови на карцином, вклучувајќи карцином на дојка, на дебело црево, малиген меланом и сарком....

 https://www.rgcc-group.com/

R.G.C.C. ЛАБОРАТОРИЈА

R.G.C.C. е швајцарска компанија која се бави со медицинска генетика, особено со генетика на ракот (хемосензитивност и хеморезистентност). Примарна цел е можноста да на пациентите ѕаболени од рак, кои бараат најдобри можни персонализирани и интегрирани третмани, им овозможи пристап до најголем дел од информациите кои можат да бидат корисни во лекувањето.

Тестовите се изработуваат на многу едноставен начин, на примерок од 20-40 ml периферна крв.

Со анализата се изолираат малигните клетки, се утврдува типот на ракот и евентуалното постоење на метатстатски клетки. Се утврдува и степенот на болеста на основа на бројот на клетките во единица ml на крвта, како и нвазивноста на болеста.

Она што е многу битно е дека се утврдува на што сѐ се сензитивни односно резистентни постојните малигни клетки. Сензитивноста и резистентноста се утврдува на сите познати медикаменти и суплементи.

Биомед Аид е застапник R.G.C.C. лабораториите за регионот на Балкан.

https://www.rgcc-group.com/

ТЕСТОВИ

Биомед Аид во соработка со R.G.C.C група нуди општи тестови за откривање на CTC's клетки како и тестови кај определени видови на карцином, вклучувајќи карцином на дојка, карцином на дебело црево, карцином на простата, малиген меланом и сарком...

Овие тестови овозможуваат:

1. Откривање на раните знаци на карцином во создавање.

2. Помош во следењето на постојните карциноми.

3. Изработка на индивидуален профил, кои лекови за лекување на карциномот, терапевтски методи и кои природни супстанци можат да се користат за постигнување на најдобри ефекти во лекувањето.

Се изработува и квалитативна анализа односно процентуално тестирање на сензитивноста на лековите и терапиите за лекување на карциномот, како што се: цитостатици, радиотерапија, онко-хипертермија, моноклонални антитела, суплементи....

ONCONOMICS

Сензитивност на цитостатици.

Дава информации за делувањето на поодделни лекови на клетките на карциномот кај пациентот.

ONCONOMICS PLUS

Детекција на сензитивноста на цитостатици, целни терапии (моноклонални антитела и инхибитори) и природни супстанци.

Овој тест ги опфаќа и информациите кои ги дава Onconomics тестот. Освен тоа, овој тест вклучува и испитување на делотворноста на природни биолошки супстанци и природни екстракти на малигните клетки.

ONCONOMICS EKSTRAKTI

Испитување на сензитивноста само на природните супстанци.

Дава информации за делувањето на природните биолошки супстанци или екстракти на малигните клетки.

ТЕСТОВИ ЗА СЛЕДЕЊЕ

ONCOCOUNT

Определување на бројот на СТС клетки.

Дава информации само за присатноста и концентрацијата на циркулирачките туморски клетки.

ONCOTRAIL

Определување на бројот на СТС клетки и имуно-фенотиповите за определени специфични видови на малигни болести.

Овој тест е пример на прилагодени тестови за определени видови на малигни болести како што се карциномот на дојка, карциномот на простата.

Овој тест ги содржи само маркерите релевантни за определен тип на малигна болест што го прави овој тест добра алатка за контролно следење на текот на болеста.

ONCOTRACE

Определување на бројот на СТС клетки и имуно-фенотиповите за сите видови на малигни болести.

Овој тест дава информации за присатноста на на циркулирачки туморски клетки, за нивната концентрација и нивниот имуно-фенотип.

Тестови за присаство на вируси

PaldiSpot TEST

PaldiSpot тестот открива присаство на Borrelia, Babesia и Bartonella genospecies во ДНК-то на пациентот.

PaldiSpot тестот, анализирајќи ја ДНК-та издвоена од крвните клетки и крвниот серум на пациентот, овозможува докажување на присуство на 23 од најчестите видови на Borrelia, Babesia и Bartonella.

PrimeSpot TEST

PrimeSpot тестот го открива и квантифицира присаството на определени вируси и
различните соеви на Лајмска болест во примерокот на ДНК на пациентот.

Кога се употребува во комбинација со PaldiSpot тестот, PrimeSpot тестот ги обезбедува неопходните информации за развивање на индивидуален третман и терапија за Лајмска болест и за Синдром на хроничен замор (Chronic Fatigue Syndrome CFS).

PrediSpot TEST

PrediSpot тестот, анализирајќи ја ДНК-та на пациентот, ги открива генетските карактеристики кои доведуваат до развивање на болести како:

Алцхајмеровата болест, Астма, Коронарната артериска болест, Кроновата болест, Мултипла склероза, Остеопороза, Реуматски артритис, Системски Лупус, Тромбоза и Дијабетес од Типот 1 и 2.

SNPs TEST

SNPs тестот анализирајќи ја ДНК-та на пациентот утврдува како истиот ќе реагира на третман со најчестите анти-инфламатори, антибиотици и анти-коагуланти.

Пресонализираниот профил кој го создаваме ги обезбедува најпотребните информации кога и како да се препишуваат најсоодветните лекови и третмани во моментална состојба на пацијентот.

mk_MKМакедонски јазик