Фирмата Биомед Еид ДООЕЛ Скопје е основана 2011 година, и основна дејност на фирмата е промет со медицинска опрема и медицински помагала.
Во сферата на своето работење кон крајот на 2011 година на своите купувачи им ја понуди можноста за изземање на материјал и криопрезервација на матични клетки од новороденчиња, како и криопрезервација на матични клетки од млечните заби за повозрасни деца.
Од самиот почеток, клетките и нивната примена во терапијата е поле на кое во фирмата се посветуваше посебно внимание. Се интересиравме и се обидувавме на секаков начин да дојдеме до можноста да соработуваме со многу светски лаборатории на полето на примената на клетките во различни облици на терапии.
На крајот на 2012 година оваа наша идеја почна да се реализира. Имено, во соработка со Др. Алфред Барич, еминентен онколог од САД, почнавме да ја развиваме молекуларната терапија на различните облици на рак. Терапијата на почетокот ја изработувавме во лабораторија во Солун, Грција, а аплицирањето на истата се вршеше и се врши во Општата Болница Еуромедика во Солун, Грција.
Со тек на време доаѓавме до сѐ поголеми резултати во третманите, но и до сознанија дека можеме многу повеќе и дека границите се отвараат сѐ повеќе. Затоа на почетокот на 2014 година почнавме да соработуваме со една од најголемите лаборатории во светот на полето на дијагностиката на онколошките болести R.G.C.C. (Research Genetic Cancer Center) од Zug, Швајцарија.
===>
Нивните капацитети во молекуларната профилација на малигните болести се навистина неограничени. Затоа и длабоко навлеговме во овој дел од проблематиката и станавме застапници на оваа лабораторија за Балканските земји. Од почетокот на јуни, 2014 година, комплетната молекуларна терапија за нашите пациенти се изработува во оваа лабораторија. Протоколите за изземање на материјал, транспорт до лабораторијата и враќање на готовата терапија до болницата во Солун, каде ќе биде аплицирана се припремени почитувајќи ги сите највисоки стандарди на заштита.
Со оглед на тоа што нашиот интерес никогаш не запира, во соработка со стручњаците од лабораторијата од Швајцарија дојдовме до сознанија дека е можно да се изработува и молекуларна терапија од матични клетки која е применлива во третманите на авто-имуните болести како мултиплекс склероза, лупус и други. Веднаш почнавме подготовки и многу скоро, на почетокот на 2015 година почнавме со активни третмани на пациенти со ваков облик на болести.
Последниот и најнов дел од нашиот интерес е можноста за неинвазивна пренатална детекција на опасноста од појавување на болести како на пример Даунов синдром и други кај новороденчињата, а со едноставно испитување базирано на изземање на периферна крв од мајката на новороденчето.
Резултатите во сите сфери на активности не мотивираат да не застанеме и да продолжиме со нашите пионерски делувања во многу делови од дијагностицирањето и третманите кои ни се појавуваат како можност. Затоа ние постојано ќе истражуваме и ќе бараме нови пристапи сите овие можности да бидат што подостапни за пациентите од Балканските земји.