ТЕСТОВИ
БИОМЕД ЕИД во соработка со R.G.C.C. групата нуди општи тестови за откривање на CTC's клетки како и тестови кај определени видови на карцином, вклучувајќи карцином на дојка, карцином на дебело црево, карцином на простата, малиген меланом и сарком...
Овие тестови овозможуваат:
1. Откривање на раните знаци на карцином во создавање.
2. Помош во следењето на постојните карциноми.
3. Изработка на индивидуален профил, кои лекови за лекување на карциномот, терапевтски методи и кои природни супстанци можат да се користат за постигнување на најдобри ефекти во лекувањето.
Се изработува и квалитативна анализа односно процентуално тестирање на сензитивноста на лековите и терапиите за лекување на карциномот, како што се: цитостатици, радиотерапија, онко-хипертермија, моноклонални антитела, суплементи....
ONCONOMICS
Сензитивност на цитостатици.
Дава информации за делувањето на поодделни лекови на клетките на карциномот кај пациентот.
ONCONOMICS PLUS
Детекција на сензитивноста на цитостатици, целни терапии (моноклонални антитела и инхибитори) и природни супстанци.
Овој тест ги опфаќа и информациите кои ги дава Onconomics тестот. Освен тоа, овој тест вклучува и испитување на делотворноста на природни биолошки супстанци и природни екстракти на малигните клетки.
ONCONOMICS EKSTRAKTI
Испитување на сензитивноста само на природните супстанци.
Дава информации за делувањето на природните биолошки супстанци или екстракти на малигните клетки.
ТЕСТОВИ ЗА СЛЕДЕЊЕ
ONCOCOUNT
Определување на бројот на СТС клетки.
Дава информации само за присатноста и концентрацијата на циркулирачките туморски клетки.
ONCOTRAIL
Определување на бројот на СТС клетки и имуно-фенотиповите за определени специфични видови на малигни болести.
Овој тест е пример на прилагодени тестови за определени видови на малигни болести како што се карциномот на дојка, карциномот на простата.
Овој тест ги содржи само маркерите релевантни за определен тип на малигна болест што го прави овој тест добра алатка за контролно следење на текот на болеста.
ONCOTRACE
Определување на бројот на СТС клетки и имуно-фенотиповите за сите видови на малигни болести.
Овој тест дава информации за присатноста на на циркулирачки туморски клетки, за нивната концентрација и нивниот имуно-фенотип.