BIOMED AID

За нас

Компанијата Biomed AID е основана во 2011 година во Скопје, со цел да обезбеди услуги за организација и спроведување на третмани на онколошки пациенти во Солун.

Од самиот почеток, клетките и нивната примена во терапијата е област на која Biomed посвети посебно внимание.

Во соработка со д-р. Алфред Барич, еминентен онколог од САД, започнавме да ги развиваме различните облици на молекуларна терапија за третман на различни видови на рак.

Со текот на времето постигнуваме се подобри резултати во терапијата, но стекнуваме и нови сознанија со кои можеме да ги унапредиме терапиите уште повеќе. Затоа на почетокот на 2014. година започнавме соработка со една од најголемите лаборатории во светот во областа на дијагностика на онколошки заболувања, R.G.C.C. (Истражувачки центар за генетиката на ракот) од Цуг, Швајцарија. Нивните капацитети во областа на молекуларното профилирање на малигните заболувања се неограничени. Навлеговме толку длабоко во срцето на овој проблем, што постанавме претставници на R.G.C.C. лабораториите за балканските земји. Од почетокот на јуни 2014 година во оваа лабораторија е развиена комплетна молекуларна терапија за нашите пациенти. Постапката на земање на материјалот, транспортирање во лабораторија и потоа транспортирање на готовата терапија до Солун, ги почитува највисоките стандарди на заштита.

Имајќи предвид дека нашиот интерес за оваа област не престанува, во соработка со научници од Швајцарија, дознаваме дека е можно да се произведе молекуларна терапија со матични клетки која се користи во лекување на автоимуни болести како мултиплекс склероза, хронични вирусни и патогени болести, како лупус и други. На почетокот на 2015 година многу успешно го започнавме активното лекување на пациентите со овие облици на болести.

Дел од нашиот интерес е можноста за неинвазивно пренатално откривање на ризикот од постоење на генетски мутации који можат да доведат до разбој на различни болести развој на болест кај новороденчињата.

Резултатите што досега ги постигнавме во сите области на бизнисот не мотивираат да продолжиме со нашите пионерски акции на полето на дијагностика и третманите, се со цел овие методи на лекување да им бидат достапни на пациентите во балканските земји.

Сето ова време, Biomed Aid многу успешно работи и спроведува третмани во Солун, кај пациенти од целиот свет.

Со основањето на Bimed Oncothermia во 2024 година, Biomed Aid станува дел од Biomed Group и продолжува да се развива и напредува со воведување на најновите методи на лекување со своите протоколи.

Контактирајте нѐ

Вашиот партнер на патот до излекувањето

mk_MK